На Широк Сокак во Битола изникна дрво на непотизмот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Битола главен експерт за вработување е Ген. Сек. на СДСМ Кирацовски, но и покрај тоа вирусот непотизам ја зафаќа Битола се повеќе и повеќе. По повод на ова, после година и пол владеење на СДСМ со локалната самоуправа во Општина Битола, на Широк Сокак никна “Дрвото на непотизмот”.

После година и пол владеење на СДСМ со локалната самоуправа во Општина Битола, на Широк Сокак никна “Дрвото на непотизмот”.

Браќа, сестри, внуци, први,втори братучеди, сопругите и сопрузите се само дел од партиските вработувања на властите во Битола.

Дали дрвото ќе се сече како страно тело во македонското општество зависи од непристрасното работење на антикорупциската комисија, а дали дрвото ќе се полева со вода и тоа ќе расте, зависи од совеста на локалните власти во Битола.

Она што ние мораме да го направиме е да ги информираме граѓаните за начинот на кој СДСМ ја практикува власта и за што точно протестираа “Шарените Револуционери” една година сквернавејќи ги спомениците и институциите низ цела Македонија. Не ја бараа власта за да спроведат правда и да направат подобри услови за живот, тие бараа власт за да го засадат ова “Дрво на непотизмот” на сред Битола.” напишаа од УМС Битола!

После година и пол владеење на СДСМ со локалната самоуправа во Општина Битола, на Широк Сокак никна "Дрвото на…

Gepostet von УМС ВМРО ДПМНЕ Битола am Sonntag, 17. März 2019

 

Сподели.