МЗТ Скопје убедлив против Спарс пред плејофот дуелот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
МЗТ Скопје со 93:77 го победи Спарс од Сараево во последното коло од лигашкиот дел, токму овој противник е и тимот со кој македонскиот претставник ќе игра во полуфиналето од плејофот.
МЗТ Скопје токму со Спарс со кој ќе играат во плејофот го заврши лигашкиот дел од втората АБА лига.
Македонскиот тим беше доминантен на денешниот натпревар и забележа убедлива победа од 93:77.
Неизвесно беше само во првите десет минути по кои МЗТ Скопје водеше со 24:23. Во продолжението македонскиот тим се одлепуваше, на одморот се замина со 45:40.
На почетокот од вториот дел МЗТ Скопје имаше серија од 10-0, а во еден момент од мечот имаше и +18, 78-60. На крајот славеше со 93:77.
Најдобар поединец на мечот беше Предраг Самрџиски со 26 поени и 14 скока, Иванов реализираше 19, Вудард 11.
МЗТ Скопје лигашкиот дел го заврши на третото место, па Спарс ќе ја имаат предноста на домашен терен во полуфиналето од плејофот.
Сподели.