МЗТ Скопје поведе со 2-0

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со победата на гостински терен МЗТ Скопје поведе во финалната серија со 2-0 и е на прагот да ја освои титулата во кошарка. Работнички покажа дека оваа сезона не може да парира на МЗТ Скопје,поради малиот ростер на кошаркари и кратката клупа. И на овој натпревар Работнички добро започна и направи резултатска предност. Но како одминуваше натпреварот МЗТ Скопје го превзема  водството и ја запиша втората победа со резултат 69-60/32-38/.

Најефикасни на овој дуел беа Стојановски со 16 и Иванов и Медфорд со 10 поени кај победниците,додека кај Работнички Костов постигна 19,а Ефремовски и Младеновиќ по 10 поени.

Третиот натпревар ке се одигра во четврток 13 јуни од 20-15 часот. Домакин е МЗТ Скопје и со победа ке ја освои годинашнава титула во Мак баскетот.

Сподели.