МВР ги објави идентитетите на петмината патници кои загинаа ноќеска во Скопје

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

МВР ги објави идентитетите на петмината патници од возилото „рено 5″ кои загинаа во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на булеварот „Борис Трајковски” пред скопската населба Драчево.

Сообраќајката се случила во 23.40 часот помеѓу товарно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од  М.Ј.(44) од Скопје ” и патничко возило „рено 5″ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(43) од Скопје.

Возачот Ј.П. и сопатниците во возилото „рено”, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото на несреќата. Возачот на камионот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Сподели.