МНР тврди „Macedonia the GReat“ може да го наруши Преспанскиот договор, Владата објаснува извезуваме како „Северна Македонија“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонското МНР не било информирано дека Грција ќе си го промовира брендот Macedonia the GReat.

Ваквиот унилатерален приод ја подрива меуѓусебната доверба и според министерството согласно договорото од Преспа вакви прашања, треба да бидат регулирани заеднички од страна на деловните заедници.

– Унилатералеиот пристап може да доведе до подривање на меѓусебната доверба и да има негативно влијание врз досегашните напори и постигнати резултати меѓу двете држави, кои претставуваат пример за надминување на билатералните предизвици., се наведува во писмената реакција на Министерството за надворешни работи.

На прашањето на Сител, под кој бренд сега ќе се извезуваат македонските произоводи- од Владата велат дека постојат многу трговски марки и во едната и во другата држава, под кои се произведуваат и извезуваат производи .

-Ако мислите на ознака под географско потекло на производите, во смила Маде ин …., Република Северна Мкаедонија во Хеленската Република извезува свои производи согласно постојните регулативи  на ЕУ и Светската трговска организација. Во извозните документи го користи своето ново име и го почитува Преспанскиот договор  и обврските кои произлегуваат од него., се наведува во владиниот допис.

Гестот на Гција е понижувачки, а уште поголем проблем е што нашето водство – преговарачи мува не ги лази да дадат оставки или да бидат сменети, напиша на социјалните мрежи политичкиот аналитичар Арсим Зеколи. И Британскиот експерт за Балкaнот Ханс Ван ден Берг , ја осудува грчката кампања, за која вели дека е   навреда по повреда.

-По неодамнешниот совет на ЕУ, каде Грцијата се држеше до тоа Албанија и Македонија да одат во пакет и индиректно им стави вето и на двете, Грција сега смета дека е вистинско време да покрене кампања Macedonia the Great. Уверен сум дека таквиот став се нарекува повреда по навреда . По никаков начин, форма или облик , тој нема никаква врска со помирувањето, напиша Ван ден Берг.

Грчкиот премиер Мицотакис лично ја промовираше трговската марка под која ќе се извезуваат производите произведени во Северна Грција.  Согласно Преспанскиот договор, прашањето за трговски марки и ознаки  треба да биде затворено за 3 години,  до средината на 2022 година.

Сподели.