Мицкоски: Шилегов не ги реализираше клучните ветувања, нема почист воздух и сообраќајниот хаос не е решен

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во вчерашното гостување во емисијата „ Клик Плус“ на Тв 21 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Шилегов не ги реализирал клучните ветувања, нема почист воздух и сообраќајниот хаос не е решен.

-Има многу работи што не ги реализираше Шилегов. Ако ме прашувате на ниво на проекти можам да ви редам, еве зиплајн, продолжување на Илинденска и поврзување со Ѓорче Петров и излез на Скопје, почист воздух, решавање на сообраќајниот хаос и метеж, повеќе зелени површини, мислам можам да ви редам милион работи, гасификација примарна, секундарна. Тунелот под Кале има многу работи, можам да ви ги редам на ниво на проекти има многу, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна и неколку проекти за Скопје кои што се предвидени во програмата.

-Имаме оригинално решение за внатрешна обиколница, кој што е капитален проект, поврзување на Булеварите Словенија и Босна и Херцеговина Хрватска да излезат директно на Александар Македонски а од друга страна да се поврзат со Ѓорче Петров, што мислам дека драматично ќе го редуцира метежот во центарот на градот во определени периоди од денот. Имаме зелен бран Мавровка каде што ќе имаме кружни текови каде што е навистина револуционерно архитектонско дело кое што планираме да го направиме.Од раскрсницата кај поранешен саем сега трговскиот центар Ист Гејт до Скендербег. Тука има неколку кружни текови кои што се предвидени, нагласи Мицкоски

Сподели.