Чувствувате срам поради изјавите на Заев?
Сакате да промените нешто затоа што знаете дека повеќе не оди вака и не сакате да бидете соучесник во газењето по коските и жртвата на Илинденците, Партизаните, хероите? Сега е времето кога треба да се протестира, за утре да не биде предоцна.
Македонија се обединува против Заев, против заедничкиот противник, против негаторите на македонската историја, идентитет и јазик. Сѐ повеќе луѓе се охрабруваат да застанат во редот на одбраната на она што е свето и за кое се бореле и гинеле генерации, а кое сега се распродава.
Сѐ повеќе граѓани на Република Македонија, кои имаат разлики по многу точки, се обединети во едно – бидејќи знаат дека нема назад од тука. И не отстапуваме ни чекор од она што е наше.