Мицкоски: Нема да се изненадам ако ме уапсат

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување на телевизија АлсатМ, потврди дека има копии од записниците на сведоците за аферата „Рекет“.

Тој кажа дека нема да биде изненаден дека доколку биде уапсен по наредба на премиерот Зоран Заев, од страна на обвинителката Вилма Рускоска.

Мицкоски рече дека во државата постојат двојни стандарди. Тој направи споредба на поседувањето на искази доставени од свиркачи и поседување на нелегално прислушувани материјали, иако правните експерти реагирале бурно по вчерашната изјава во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека како партија работат за јавниот интерес. Тие велат дека ако со истрагата за „Рекет“ се загрози јавниот интерес, тогаш како партија ќе реагираат соодветно, па ќе ги објават материјалите кои ги поседуваат.

Сподели.