МИЦКОСКИ НА ФБ: „Со оваа власт зафатена од овој криминален октопод правда не може да се очекува“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Христијан Мицкоски е на одмор, но преку својот Фејсбук профил коментира за последните настани кои ја тресат земјава со случајот „Рекет“.

„Потребна е одговорност за секој кој учествувал, директно или индиректно во случајот Рекет кој е дел од поширок криминален октопод кој управува со државата. Но јасно е дека со оваа власт зафатена од овој криминален октопод правда не може да се очекува. Во тој контекст тргнати се да не уверуваат дека криминалот не е криминал, а неправдата всушност била правда. Но ќе потсетам дека ова не е прв пат Заев да биде “погрешно разбран” или под “напад на мрачни сили кои ќе ја дестабилизираат и закочат Македонија”, напиша Мицкоски.

Сподели.