Мицкоски: Македонскиот народ никогаш нема да прифати да биде преименуван

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вечерва се одржа протест на опозициската ВМРО – ДПМНЕ. Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својот говор покрај црнилата во економијата, судството и општествениот живот, говореше и за можеби и најгорливиот проблем на македонскиот народ, а тоа е промената на Уставното и историското име Македонија.

Тој посочи дека не сака да гради кариера и собира политички поени на името, дека тоа за него е болна точка и сочуствува исто колку и секој еден граѓанин на Македонија. Додаде и дека македонскиот народ никогаш нема да прифати да биде преименуван, да му се избрише идентитетот и историјата, да му се избрише јазикот, и дека ќе дојде ден кога се ова еден ден ќе одговараат тие кои го спроведуваат ова, спротивно од волјата на народот искажана на референдумот.

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ 05.12.2018

Во живо од протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ

Gepostet von Hristijan Mickoski am Mittwoch, 5. Dezember 2018

Сподели.