Мицкоски: Ќе презентираме како до плата од 750 евра и како ќе го формализираме тргувањето со крипто валути во полза и развој на Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

-Како наместо да станеме земја извозник на дрога и марихуана, да станеме земја која што ќе апсорбира капацитет и ќе го легализира и ќе ги апсорбира практично сите можности кои што ги нуди трговијата со крипто валутите, а верувајте ми таа не е мала. Ќе зборувам денеска малку повеќе и за тоа. Некаде околу половина милијарда евра можат да бидат тие приходи директно во Буџетот и во македонската економија, доколку започнеме сега и бидеме практично првенци во регионот. А, исто така денеска ќе зборуваме и за „Blockchain“ технологијата која што се помалку се зборува во регионот, а во Европа и во светот и во САД е сериозна економска платформа, истакна тој.

Мицкоски понатаму потенцира:

Така што ценам ќе биде навистина интересно тоа што денеска ќе го зборуваме и ценам дека имаме што да понудиме на скопјани, на карпошани, но и на Македонија, посебно на овие две теми. Тоа што денеска ќе го презентираме ќе заинтрегира и ќе биде новитет на македонската политичка сцена или како што тоа сакав денеска да го презентирам пред еден мој соработник да не чекаме иднината да дојде, туку да одиме кон иднината“.

Сподели.