Мицкоски: Ќе дојде денот кога ќе ви го завртат грбот и кога судиите и обвинителите ќе пропеат за сите нарачки и уцени

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На вечерашниот марш на опозицијата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порача дека на виделина ќе излезат сите притисоци во судството кои во моментов се случуваат.

-Сакате да монтирате случаи, повторно сакате сите да судат по принципот на „кацарска судството“, сакате сите да обвинуваат по примерот на „русковска обвинителството“? Едно да ви порачам. Не се тие двете толку храбри. Ќе дојде денот кога тие ќе ви го завртат грбот и кога истите тие ќе пропеат за сите нарачки и за сите уцени кои што им ги правите преку своите адвокати и тоа нема да ви го прости овој народ, потенцираше Мицкоски во својот говор пред насобраниот народ.

Сподели.