Мицкоски до Заев: Вашите предавства скапо ја чинат државата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашната дебата на 24 телевизија, во врска со надворешната политика на оваа влада, му посочи на Заев дека неговите предавства скапо ја чинат државата.

Господине Заев вашите предавства, вашите капитулации скапо ја чинат државата, за тие пусти пари кои ги спомнувате да си го продадете сопствениот народ, а сиот народ знае на што сте вие подготвени, колнејќи се во жицата во најмилото,во гитарата итн.- му посочи Мицкоски на Заев.

Мицкоски исто така го праша  Заев дали знае на кој јазик го потпишал Договорот со Бугарија, оној според Уставот вели Мицкоски.

Моите баба и дедо и прабаба и прадедо се македонци и пред 1945 година и говореле македонски јазик и пред 45-тата, епа Договорот што го потпишавте е според Уставот, вели Мицкоски.

Тој го критикуваше Заев дека сега тие луѓе што ги споменува го третираат македонскиот јазик е од 45-та па наваму, ако и тоа дека ние не сме македонци, дека сме дел од Коминтерна и дека претходно не постоеле  македонци, дека сме биле македонски бугари, истакна Мицкоски.

Сподели.