Мицкоски до Заев: Преговараш продажба на идентитет, ќе одговараш за велепредавство

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Зоран Заев е подготвен да прифати се, а единствената кочница е македонскиот народ и граѓаните на Македонија. Ова е моментот кога на Заев треба да му се случи народ – рече на денешниот протест пред владата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. То го обвини премиерот зоран Заев дека спортивно од уверувањата што ги дава, преговара за идентитетските прашања.

„4 години овој човек не лаже, 4 години дебата и проблеми за јазикот, историјата, малцинствата наши во соседните држави, идентитетот. Погледнете како полека она што не било проблем станува проблем, како се разјадува и она последно здраво ткиво на нашата нација, полека но сигурно дебатираме за откажување од нашето наследство од се она што нас не дефинира како посебна нација, народ и држава. Македонија ја губиме на делови помеѓу две изјави на Заев кој со раката на срце, со насмевка и наведнување на главата вели дека тој бил Македонец, и го штител идентитетот. Веќе на сите им е јасно дека овој човек кога говори тогаш тој сосема спротивно испорачува.Поминаа 10 дена, тој не се повлече во своите скандалозни изјави ниту милиметар, напротив денеска го слушаме како вели дека не се каел воопшто за тоа што го говорел на тоа интервју за еден медиум од кај нашиот источен сосед“ – рече Мицкоски.

Сподели.