Митко Чавков излегува на слобода, целиот имот го става под гаранција

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, ќе излезе од притвор. Апелациониот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд Чавков со недвижен имот да гарантира дека нема да избега ако излезе од истражниот затвор во Шутка каде одлежува мерка притвор.

Обвинителството за организиран криминал поднесе жалба на одлуката на Кривичен, но Апелација ја одби со што одлуката станува правосилна.

За сега Чавков останува во затворот, додека не се попише целиот имот во вредност од 600.000 евра кој го става под гаранција.

Претходно, Врховниот суд го пушти во домашен притвор, но само ден подоцна со подигнувањето на обвинението за 27-ми април, Кривичен го врати во Шутка. Тогаш претседателот на судот извести дека полицијата не го пронашла Чавков на адресата определена од Врховен, а неговата одбрана одговори дека Врховниот суд погрешил и му впишал стан на МВР кој пред повеќе месеци го напуштил.

Сподели.