Милошоски примен на Инфективна со покачена температура

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По неполн час од нашата објава дека Антонијо Милошоски е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, тој преку социјалните мрежи ја потврди информацијата посочувајќи дека бил негативен на тестот за ковид-19, но имал покачена температура.

„Денес околу 16 ч од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, заради повеќедневна покачена температура. Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така. Вчерашниот тест покажа негативни резултати на ковид-19, но по препорака на специјалист од инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден. Ве поздравувам сите, а на моето семејство и на медицинскиот персонал им благодарам за поддршката. Благодарност до сите вас за поздравите и добрите желби за брзо закрепнување“,

пишува Милошоски.

Сподели.