Милошоски: Одговорноста за потрошените над 500 илјади евра европски пари не е само кај Димова

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„ВМРО-ДПМНЕ денес го изразува својот протест против незаконското трошење на пари на европските даночни обврзници кои што се наменети за образование и образовни проекти на македонските граѓани. Директорката Лидија Димова, кадар на СДСМ потрошила речиси 500.000 евра за тренинг на магаре, за испробување на сирење и за проекти со нејзиниот пријател кој што има фризерница.

Мислиме дека е многу неморално во вакво време на пандемија и би било многу посоодветно овие 500.000 евра да биле потрошени за помош на болницата во Струмица, на болницата во Битола и на болницата во Тетово за обука на персонал и за поддршка на овие болници во борба против пандемијата или во најмала рака овие 500.000 евра да биле потрошени за купување на 2200 компјутери за деца кои што не можат да ја следат наставата во овие кризни услови. И затоа сметаме дека одговорноста не е само кај Лидија Димова, туку одговорноста е кај тие што ја поставиле, нејзиниот шеф Зоран Заев како и нејзината пријателка Радмила Шекеринска“, изјави Антонијо Милошоски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели.