Михајловиќ: Ибрахимовиќ заминува од Милан…

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Синиша Михајловиќ открива дека пред неколку дена разговарал со Златан Ибрахимовиќ, напаѓачот ќе го напушти Милан и ќе избира помеѓу преселба во Болоња и враќање во Шведска.

Златан Ибрахимовиќ има договор со „росонерите“ до крајот на сезоната со опција соработката да биде продолжена, и изминативе месеци често се шпекулира за неговата иднина. По отказот кој го доби Звонимир Бобан, и најавите дека заминува и Паоло Малдини, под знак прашалник беше ставена иднина на Швеѓанецот во Милано.

Синиша Михајловиќ во разговор со српските медиуми сега открива дека напаѓачот го напушта Милан и ќе избира помеѓу преселба во Болоња и враќање во Шведска.

„Ми се јави пред неколку дена, ќе видиме каква одлука ќе донесе. Сигурно нема да остане во Милан, или ќе дојде кај мене или ќе се врати во Шведска’ – вели тренерот на Болоња.

За време на карантинот во Италија, Златан Ибрахимовиќ се врати во Шведска и тренираше со Хамарби, клуб во кој од неодамна поседува 25% од акциите.

Болоња се посочуваше како можна дестинацијa и пред да се врати во Милан, „Стадио Ренато“ беше опција за Златан Ибрахимовиќ поради добриот однос со Синиша Михајловиќ.

„Ибра кон мене се однесува поинаку во споредба со останатите, внимава што зборува и што прави. Ние опасните момци се почитуваме!“.

Сподели.