Метлата ќе ,,работи,, во јуни

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Иако беше најавена владина реконструкција за веднаш по изборите премиерот Зоран Заев ретерира од првичните ставови. Тој денеска најави дека смената на функционерите ќе започне од наредниот месец.

-Верувам дека во почетокот на јуни ќе излезам со промени во раководни структури на министерско ниво, раководни структури на државни институции, а при крајот на јуни верувам дека ќе се пуштиме и во општините каде државата е претставена со одредени институции.

Ова го кажа премиерот oдговарајќи на новинарски прашања по завршувањето на Презентацијата на Извештајот на ОБСЕ со резултатите од истражувањето за благосостојбата и безбедноста на жените.

Заев кажа дека во следните две недели ќе донесат големи одлуки за државата, ќе се направат промени во сите структури, почнувајќи од највисоката хиерархија.

„Ќе се дискутира за промени на некои министри, заменици министри, директорите, но можностите за промена се уште се дискутираат. Откако ќе можеме да ги балансираме позициите ќе ги објавиме имињата и причините“, истакна премиерот.

Сподели.