Меѓу уапсените во аферата „Мафија“ е близок до фамилијата Заеви и сестра на член од неговото обезбедување

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Меѓу приведените се Ѓ.В. од Струмица, кој важи за близок на фамилијата Заеви, како и Оливера, советник за одобрување на патни исправи, која е сестра на член од обезбедувањето на Заев, дознава Лидер.

Утрово министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека еден од од уапсените во аферата со издавањето пасоши на криминалци бил во секојдневен контакт со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, што подоцна беше демантирано од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој рече дека единствениот со кој контактирал Мицкоски, а кој можеби е поврзан со аферата „Mафија“ е премиерот Зоран Заев.

–Ова се смешни работи, СДСМ неколку дена пласира целосни лажни вести, класични „фејк њус“, ги растура пердувите со цел на тој начин да ја скрие сопствената одговорност мислејќи дека ќе ја дефокусира јавноста. Единствен со кого Мицкоски имал контакт изминатиот период, а кој можеби е поврзан со овие работи, е Зоран Заев со кого имаа лидерска средба, рече Николоски.

 

Сподели.