„Медена земја“ остана без Оскар, тие заминаа во рацете на „Американска фабрика“ и „Паразит“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вечерва се одржува 92- то издание на Оскарите. Македонскиот документарен филм „Медена земја“ беше номиниран во две категории – една за најдобар документарен филм, а другата за најдобар меѓународен игран филм. Со самите номинации, Македонија веќе напиша историја.

И покрај силната желба и големите надежи дека екипата на „Медена земја“ на чело со режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска во Македонија ќе се врати со Оскар тоа не се случи. Оскарот за Најдобар документарен филм го доби „Американска фабрика“, а Оскарот за Најдобар меѓународен филм го освои „Паразит“.

Сподели.