Мастерс во Лондон

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Новак Ѓоковиќ ќе влезе како светски рекет број еден, а Рафал Надал во обид првпат да го освои завршниот АТП Мастерс во Лондон, но против себе ќе имаат уште четири расположени тенисери кои се во одлична форма.

АТП денеска ги одреди групите на завршниот турнир, а Ѓоковиќ како прв носител, ќе биде во група со Александер Зверев и Данил Медведев, финалистите на последниот Мастерс во Париз. Четвртиот член на оваа група е Диего Шварцман, кој последен обезбеди пласман на турнирот.

Во другата група, покрај Надал се најдоа Доминик Тим, Андреј Рублев и Стефанос Циципас.

Резерви се Матео Беретини и Денис Шаповалов, кои би можеле да се најдат на турнирот, при евентуално откажување на некој од осумте учесници.

Турнирот во Лондон започнува на 15 ноември, а минатата година трофејот го освои Циципас.

Сподели.