Марија не може да го прежали заминувањето на Карлеуша: Направи емотивно видео од нивни заеднички моменти за овие 6 години (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Поп -пејачката Марија Шерифовиќ сними нов влог, кој го објави на својот канал на Јутјуб, а главна тема и беше поп -sвездата Јелена Карлеуша.

За време на нивното учество на овој музички натпревар, Марија и Јелена беа членови на жирито од 2015 до 2021 година, и во текот на тие години оставија зад себе незаборавни моменти што ќе се прераскажуваат долго време, а истите тие снимки ќе се гледаат.

Тие две станаа многу добри пријатели за време на „Ѕвездите на Гранд“, и, освен на сцената, споделија и заеднички моменти надвор од сцената.

Марија редовно објавува влогови на својот канал на Јутјуб, но овој пат избра целата работа да ја посвети на својата пријателка Карлеуша, на чие место сега дојде фолк sвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Шерифовиќ на самиот почеток го најави почетокот на новата сезона на споменатото музичко натпреварување, а потоа нагласи дека ќе направи преглед на претходните 6 години.

Имаше солзи, смеа, напнатост, закани, но двете набргу го заборавија тоа, па првото видео што го издвои Марија беше полно со напнатост.

Сподели.