Марадона на клупата на Гимназија Ла Плата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона повторно седна на жешкото тренерско столче. Овој пат предизвик му е аргентинскиот клуб Гимназија која моментално е на последното место во Аргентинското првенство со 1 бод од 5 натпревари. Главната задача на Марадона ке биде обезбедување на опстанок на еден од најстарите професионални клубови формиран во далечната 1887 година. Последен клуб на Марадона беше мексиканскиот клуб Дорадос каде даде оставка поради операција на коленото и рамото.

Сподели.