Малолетник усмртил пешак со возило во Скопје, па избегал

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Седумнаесетгодишник со автомобил прегазил пешак во Скопје кој починал на самото место.

Од МВР информираат дека несреќата се случила вчера на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, пред крстосница со ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, кога автомобил „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 17 – годишник од Скопје, удрил во пешакот С.С.(38) од Скопје.

Пешакот починал на местото на незгодата, а возачот избегал, но набргу потоа бил пронајден.

Сподели.