Македонците живеат со и за Вардар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Сташ Скубе на почетокот на април го напушти европскиот шампион Вардар и потпиша за Мешков Брест, каде што треба да остане во следните две сезони, а во интервју за белоруска „Трибуна“ зборуваше за времето минато во македонскиот тим.

Скубе кажа дека освојувањето на трофејот во Лигата на шампиони е еден од најдобрите моменти во животот.

„Тоа е еден од најдобрите моменти во мојот живот. Не можам да ви ја опишам таа среќа. Мојот прв Ф4 и веднаш потоа сензација. Трениравме напорно и се боревме во важните натпревари до последната секунда. И покрај сите проблеми, тимот покажа голем карактер. Горд сум на сите ракометари. Немавме многу ракометари на клупата, само осум-девет луѓе кои храбро се бореа на теренот. Секој од нив даде 100% на теренот. Секако, имавме и среќа во некои моменти, но тоа беше заслужено“, кажа Скубе.

Ракометарот открива дека пречекот во Скопје бил како од бајка и нема никогаш да го заборави.

„Пречекот во Скопје беше бајка. Никогаш нема да го заборавам. Еден од најимпресивните моменти во мојата кариера. Македонците се луди навивачи. Најдобри во светот. Сите го сакаат Вардар, тие живеат за Вардар. И да ги направите среќни е навистина големо задоволство. Се надевам дека клубот ќе остане на високо ниво и во следниот период. Луѓето заслужуваат да имаат силен тим“, вели поранешниот ракометар на Вардар.

Сподели.