Македонија води на полувремето 2:1 со головите на Велковски и Ристевски (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во 15. минута од мечот на Арената „Тодор Проески“, една топка заврши пред казнениот простор кај Аријан Адеми, а тој додаде до Стефан Ристовски, кој со шут по земја погоди во Кололи, а потоа топката заврши во мрежата на ривалот. Бекот на нашата репрезентација голот го посвети на својот помлад брат, Милан, кој е повреден и не може да игра за У21 репрезентацијата.

  • Автоголот на Косово против Македонија:

Ова е прв гол во пресметките меѓу Македонија и Косово.

Фудбалската репрезентација на Косово го возврати ударот, па по петнаесет минути изедначи во дуелот со Македонија на Арената „Тодор Проески“, но Македонија се разбуди, па само четири минути по примениот гол пак поведе со погодокот на Дарко Велковски (2-1).

Една конфузија во дефанзивата донесе гол за гостинот. Голманот Столе Димитриевски го напушти својот гол, па кратко избоксува до Велковски, но тој поради малиот простор не успеа да избие навремено, па топката заврши до Флорент Хадерѓонај, кикс доволен да се лобува нашиот голман.

Само неколку минути подоцна, дефанзивецот се поправи, па по асистенција на Енис Барди покажа одлична реакција и со глава стрелаше во мрежата на Косово, па ја врати предноста за Македонија.

  • Голот на Велковски против Косово:

Победникот од овој натпревар ќе патува во финалето на плеј-офот од Лигата на нациите и ќе се бори за Европско првенство.

Сподели.