Македонија сега е 65-та во светот, Малта скокна најмногу места

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонската репрезентација го забележа највисокиот пласман годинава на ранг-листата на Светската фудбалска федерација (ФИФА), откако се најде на 65-та позиција за рангирањето за октомври. Шанса за нов напредок се мечевите од 12 до 18 ноември, со Грузија на гости за пласман на Европското првенство (ЕП), потоа со Естонија дома и со Ерменија на гости во Лигата на нациите.
Квалификациските мечеви за Светското првенство во 2022 година, плејофот за ЕП 2021 и натпреварите во Лигата на нациите беа меѓу 120-те интернационални меча одиграни во октомври, што резултираа со значително движење во октомвриското издание на листата, пишува ФИФА. На врвот пласманот е ист, но намалена е разликата помеѓу водечката Белгија и нејзините најблиски конкуренти Франција и Бразил. Има промени меѓу врвните 10, Шпанија и Уругвај си ги заменија местата (шест и седум), како и Аргентина и Хрватска (осум и девет). Најголем напредок меѓу две рангирања направи Малта, со скок од шест места, и сега е на 180-то место, пишува ФИФА.
Следната ранг-листа ФИФА треба да ја објави на 26 ноември.

ПЛАСМАН ЗА ОКТОМВРИ

1. Белгија 1.765
2. Франција 1.752
3. Бразил 1.725
4. Англија 1.669
5. Португалија 1.661
6. Шпанија 1.639
7. Уругвај 1.637
8. Аргентина 1.636
9. Хрватска 1.634
10. Колумбија 1.631
———————————————-
65. Македонија 1.356

Сподели.