Македонија на чекор до историја, Косово падна во Скопје! (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Фудбалската репрезентација на Македонија ја скокна првата пречка! Косово падна во Скопје (2-1) и нашиот национален тим е на чекор до историја, тоа е пласман на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2021 година во повеќе земји.

  • Извештај од натпреварот:

„Рисовите“ ја остварија првата цел, одиграа одличен натпревар и може да жалат затоа што победија со само еден гол разлика. Косово беше инфериорен противник, а до погодок дојде сосема случајно, по една катастрофална грешка во одбраната. Ова беше прва меѓусебна пресметка во историјата на двете селекции и Македонија ќе ја памети по добро. Во финалето од плејофот во Лигата на нациите, „црвено-жолтите“ ќе играат против Грузија, но мечот нема да биде на домашен терен.

Сподели.