Македонија на 65-тото место на најновата ФИФА ранг-листа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Тоа е скок од една позиција во однос на минатиот месец. Нашите фудбалери во октомврискиот теремин за Лигата на нации одигра две ремија, со Естонија (3-3) во Талин и во Скопје (1-1) со Грузија.

Имаме 1.356 бодови на 65-тото место и сме една позиција зад Црна Гора, а пред Бугарија. Нашиот следен ривал во финалето од баражот за пласман на Европското првенство, Грузија се наоѓа на 86-тото место.

На врвот на табелата во ТОП 10 речиси и да нема промени. Белгија е прва, пред Франција и Бразил. Потоа следуваат Англија, Португалија и Шпанија, која напредуваше едно место во однос на Уругвај, кој сега е седми. Аргентина скокна на осмата позиција, додека Хрватска сега е деветта, а најдобрите 10 светски фудбалски сили ги заокружува Колумбија.

Сподели.