Македонија – Грузија во Тбилиси (18 часот)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонската фудбалска репрезентација попладнево (18 часот) гостува во Тбилиси во второто коло од групата 2 во Ц-дивизијата во Лигата на нации, во пресметката со Грузија, која е наша прва во историјата со оваа поранешна советска република од трите земји кои станаа независни по распадот на СССР од кавкаскиот регион.

Гостувањата на Кавказот за Македонија не биле само прошетка по бодови, туку секојпат многу незгодни и тешки пресметки од кои во досегашните шест гостувања во овој регион помеѓу Црното море и Каспиското море, само двапати сме успеале да победиме и тоа секојпат која капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев дал гол(ови).

Кавказ е регион во кој се сместени три независни држави од поранешен СССР, Азербејџан, Ерменија и Грузија, а останатиот дел е во Русија и тоа се федералните единици кои од распадот на Советскиот сојуз се најнестабилни – Чеченија, Дагестан и Ингушетија.

Оттаму досега шест пати Македонија гостувала во овој регион, двапати во Азербејџан и четирипати во Ерманија, а гостувањата како по традиција се тешки, незгодни и за очекување е дека и денеска македонските фудбалери ги очекува тежок и исцрпувачки меч.

Од шесте досегашни мечеви на Кавказот, а овој со Грузија ќе ни биде седмо гостување во регионов, Пандев е перфектен со три гола во двете победи, по една во Баку (Азербејџан) и Ереван (Ерменија) што ги имаме. Со Азербејџан победивме на 10 август 2011 година со 1-0 во пријателски со гол на Пандев, а Ерменија прв и единствен пат сме ја освоиле на 4 јуни 2005 со два гола на Пандев во триумфот со 2-1 во мундијалските квалификациите за пласман на СП 2006.

Во другите четири меча, имаме две ремија, по едно во Азербејџан (1-1, 5 септември 2001) и во Ерменија (2-2, 10 мај 1995), а двапати убедливо сме загубиле во Ереван со по четири гола во мрежата (1-4, 7 октомври 2011 и 0-4, 16 октомври 2018).

Токму тој меч со Ерменија пред две години, кога доживеавме дебакл во Лигата на нации е наше последно гостување на Кавказот, пред денешното против ривалот кој можеби во ноември ќе не угости уште еднаш ако обезбедиме финале од плејофот за виза за историски настап на Евро 2020.

Сподели.