Македонија – Естонија 2:1

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Нова радост, нова победа на нашите херои. По триумфот во Тбилиси, попладнево во Скопје ја победивме и Естонија, во меч од Лигата на Нации и тоа со 2:1.

И дефинитивно нема шега со оваа Македонија. Иако ослабена без речиси половина стандарден тим, сепак малку со рутина, со знаеше и искуство, секако и со желба успеавме да победиме.

Тричковским кој одигра одличен меч ни донесе водство во првиот дел, следуваше ремек – делото на Сапинен за 1:1, но тоа како да ги налути нашите момци кои тргнаа со сите сили во напад од таа 60.минута па се до крајот. Влатко Стојановски стрелаше во 69.минута за победа од 2:1.

Интересно прво полувреме во кое не блескавме, не одигравме којзнае како, но сепак по првите 45.минути имавме водство опд 1:0, а можевме да имаме и 2:0. Естонија како прва да започна поагресивно, но сепак ние брзо се вративме во “игра“. Почнавме да комбинираме, да создаваме шанси. Гостите во 11. и 23.минута преку Метц и Креида можеа да поведат, првиот го префрли голот на Шишковски, а вториот пак силно шутираше, а нашиот голман прекрасно одбрани. И во 29.минута водство на Македонија и тоа преку “кипарската врска“, преку момците од АЕК Ларнака. Трајковски центрираше, а потоа Спировски ја зафати топката, но не така сигурно за да ги поправи Тричковски со убав гол, кој го поправи својот клупски колега. Само неколку минути подоцна Елмас нафрли а Тричко шутираше со глава, но Хеин прекрасно одбрани.

Во 38.минута гостите со уште еднаш шанса по киксот на нашата одбранам, но Сапинен го префрли голот. На стартот од вториот дел малку недостигаше, по прекрасниот шут на Елмас, малку недостигаше за гол, да поведиме со 2:0, но немавме среќа. Следуваше мал шок, прекрасен гол, мало ремек – дело на Сапинен странично од лево кој со полу лоб удар прво го погоди дирекот а потоа таа топка влезе во нашата мрежа за 1:1.

Се играше 69. минута кога Елмас прекрасно нафрли а Влатко Стојановски релизира за наше водство, за 2:1. Браво момци, само така. Неколку минути подоцна Стојановски сакаше се сам да решава, беше себичен, и затоа немавме 3:1. Штета.

Играме добро, разиграни сме во овие моменти од овој меч.

Во финишот како малку да го примиривме темпото, а и немаше потреба од офанзива.

Во 86.минута Дориев асистира е Стојановски одново е во шанса, и одново немаше среќа, иако реагираше голгетерски, и тоа прва. Следуваше шансата на Дориев, но Хеин е фантастичен. Токму тој ја спасува својата селекција од катастрофа.

Сподели.