Македонец од Италија со шипка му ги скршил раката и ногата на синот-епилептичар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Триесет и едногодишен македонски државјанин и неговата сестра (27) се под истрага во Италија за малтретирање на малолетно дете. Како што информираат италијанските медиуми, 13-годишниот син на македонскиот државјанин трпел физичко и психичко насилство во домот. Таткото постојано вршел физичко насилство, најчесто тепајќи го со каиш, а кулминацијата се случила во јануари годинава, кога насилникот со метална шипка го претепал синот, при што му ја скршил десната подлактица и чашката од коленото на левата нога.

Сподели.