Мајкл Керик си замина од Манчестер јунајтед по 15 години (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Мајкл Керик привремено го предводеше неговиот тим на три натпревари, но потоа реши да го напушти клубот откако на негово место ќе пристигне тренерот Ралф Рангник.

Керик се очекуваше да биде дел од екипата која ќе му помага на германскиот стратег, но Керик реши да го напушти клубот по победата против Арсенал од 3-2.

„Времето минато во клубот се најдобрите години во мојата кариера. Решив да го направам ова во вистински момент и да заминам. Им посакувам само најдобро на Рангник, екипата и навивачите. Кога дојдов тука пред 15 години, никогаш не мислев дека ќе освојам толку многу трофеи и ќе создадам вакви спомени“, кажа Керик.

Керик како фудбалер играше за „црвените ѓаволи“ во период од 2006 до 2018 година, а потоа беше поставен за помошник тренер.

http://

Сподели.