Лудост или потреба: Натпреварот Македонија – Косово ќе го обезбедува и косовска полиција?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Натпреварот помеѓу Македонија и Косово во полуфиналето од Лигата на Нации кој е закажан на 26. март ќе го обезбедува и косовската полиција.

Од МВР постигнале договор со полицијата на Косово таа да ги обезбедува гостинските навивачи. Оваа информација ја потврди директорот на полицијата на Косово, Рашид Ќалај.

Косовската полиција ќе биде задолжена за навивачката група „Дарданет“.

Полицијата ќе биде со нив од влегувањето во земјава, па се до испраќањето. Покрај тоа гостинската полиција ќе биде со групата и на трибините на Арената „Тодор Проески“.

Сподели.