Ловро Јотиќ се пресели во редовите на европскиот шампион Вардар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Хрватскиот инернационалец Ловро Јотиќ се согласи од Еурофарм Работник да се пресели  во редовите на европскиот шампион Вардар и повторно да соработува со легендата на македонскиот ракомерт Стевче Алушовски .

На позицијата среден бек, Јотиќ ќе ја дели минутажата со сонародникот Анте Гаџа. Првично Вардар на оваа позиција сакаше да го донесе Словенецот Миха Зарабец од Кил, но овој трансфер не успеа.

Вардар досега се засили со Јагуриновски, Кантегрел, Талески, Георгиевски, Вујин, Векиќ, Валчак и Гаџа. Договорите со клубот ги продолжија Мишевски, Дибиров, Стоилов, Чупиќ, Калараш, Дисингер, Кизиќ и Ристовски.

 

Сподели.