Лицето на кое МВР му дало македонски пасош пука по лидерот на ривалскиот „Кавачки клан“ (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска на прес-конференција во седиштето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателот на партијата Александар Николоски продолжи да објавува документи од аферата која прв ја обзнани лидерот на партијата Христијан Мицкоски, која тие ја нарекоа „Мафија“. Едно од лицата за кое беше брифирано дека добило македонски пасош и лажен идентитет, на ова видео е вмешан во атентат на познат црногорски нарко-бос.

Едно од имињата кои беа споменати на денешната прес-конференција на Александар Николоски, беше и Стефан Џукиќ, кој поседувал македонски пасош со името Каче Герги.

Џукиќ е име кое е главно непознато на Балканот, но нашата редакција дојде до стари написи на српски медиуми, во кои има детали за работата и меѓусебните пресметки на Шкаљарскиот и Кавачкиот клан. Стефан Џукиќ, кој подоцна го менува презимето во Мандиќ, е еден од оние кои биле испратени во Киев, Украина, да го убијат лидерот на Кавачкиот клан – Радоје Звицер.

Како што раскажува Звицер на украинските истражувачи на случајот, тој живеел безгрижен живот во елитен дел од Киев, Украина со својата фамилија.

Како член и водач на Кавачкиот клан, тој живеел далеку од своите непријатели се додека четворица српски и црногорски државјани – Петар Јовановиќ (Пеца Питбул) и Милан Бранковиќ од Србија, како и Стефан Џукиќ и Емил Тузовиќ. Животот на Звицер, го спасила неговата сопруга Тамара која почнала да пука по напаѓачите.

Сподели.