Лицата со Ковид-19, во самоизолација и хронично болните можат да се пријавуваат за гласање за изборите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Почнува пријавувањето до општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за гласањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Известувањата се доставуваат до општинската изборна комисија најдоцна до 8 јули на полноќ, информираат од ДИК.

Известувањето може да се даде лично, преку полномошник или по електронски пат на интернет-адресата на општинската изборна комисија. Задолжително е и да се достави копија од рРешение на Државен санитарен и здравствен инспекторат, како и копија од медицинска документација од специјалист, со која се потврдува здравствената состојба.

Овие лица ќе гласаат во своите домови на 14 јули (вторник).

Сподели.