Кутињо ќе ја чини Барса пет милиони евра

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Новиот тренер на Барселона Роналд Куман одлучи да го остави бразискиот фудбалер Филипе Кутињо во екипата за следната сеозна.

Иако Барса на почетокот имаше намера да го продаде Бразилецот, сепак немаше заинтересиран клуб кој беше подготвен да плати соодветна сума за него, а со оглед на тоа дека не сакаат да го испратат на нова позајмица, одлучено е да остане во клубот.

Роналд Куман има големи планови за Бразилецот и тој е важен играч во неговите замисли, па така Кутињо ќе биде дел од екипата и следната сезона. Сепак, тоа Барселона ќе ја чини дополнителни пет милиони евра кои ќе мора да ги исплати на сметка на Ливерпул.

Причина секако се бонусите вклучени во трансферот на бразилскиот фудбалер, па Барса ќе мора да го исплати овој износ ако Кутињо одигра уште 15 натпревари за тимот од „Камп Ноу“ во оваа сезона.

Нема дилеми дека тоа ќе се случи. Сезоната ќе биде долга и напорна, Куман ќе смета на Бразилецот, па Барселона во некој момент ќе мора да ги исплати овие обврски.

Кутињо вкупно одигра 76 натпревари за Барселона и постигна 21 гол.

Сподели.