Кумановец прегазил полицаец па побегнал

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Куманово, на бул.„Октомвриска револуција“, на 26.06.2020 околу 20:00 часот од страна на полициски службеници на возач на моторцикл му бил даден знак да застане, но тој не застанал, туку продолжил да се движи во правец кон полициските службеници и со моторциклот удрил еден од нив во пределот на ногата.  „Потоа, изгубил контрола и паднал, по што се дал во бегство. По преземени мерки моторциклистот бил пронајден и приведен во полициска станица. Неговиот идентитет бил утврден и станува збор за Н.С.(28) од Куманово. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Сподели.