Кривична за полска државјанка за продажба на дрога во земјава

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.Р. (31) од Полска, со привремено живеалиште во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 10.05.2019 година полициски службеници извршиле претрес во домот каде живеела пријавената, при што пронашле и одзеле марихуна, мешавина од тутун и марихуана и повеќе предмети со остатоци од марихуана.

Приведен турски државјанин кој немал непријавен и без документи престојувал во земјава На 13.05.2019 година во 23.10 часот во Полициската станица Гостивар бил приведен Џ.Џ.(24) од Република Турција, кој непријавено престојувал во земјава и непоседувал документи за идентификација. Тој бил задржан за натамошна постапка.

Сподели.