Конте посакува двајца фудбалери од Челси

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Англиските медиуми пренесуваат дека Антонио Конте во летниот преоден рок планира да се засили со фудбалери кои играат во редовите на Челси.

Конте беше тренер на „сините“ од Лондон и добро ги познава квалитетите на играчите кои ги бара во својот тим.

Станува збор за Виктор Мозес кој веќе игра во Интер како позајмен фудбалер, но Конте сака да го задржи и на перманентна основа, и на Емерсон Палмиери кој веројатно ќе си оди од клубот во летниот преоден рок. Палмиери би пристигнал во Интер за сума од околу 20 милиони евра, додека за Мозес италијанскиот клуб ќе треба да плати околу 10 милиони евра.

Сподели.