„Комити“ со идеја – обединување на сите навивачи за дуелот со Косово!

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонската фудбалска репрезентација по долго време би можела да има поддршка од повеќе навивачки групи, вклучувајќи ги и „Комитите“ на Вардар, затоа што се разгледува можност сите групи од нашата земја да се обединат и да ги поддржат играчите во обидот за пласман на ЕП 2020.

Барем така стои на официјалниот Фејсбук-профил на групата, каде стои дека „Комити“ се наоѓаат пред носење на важна одлука околу репрезентацијата и дуелот со Косово во Лигата на нациите и побараа јавно мислење.

Идејата гласи: „Дали сте за обединување на сите навивачки групи на дуелот против Косово и од Западната Трибина сплотени да дадеме поддршка на Фудбалската Репрезентација на Македонија?“, а повеќето од испитаниците, засега околу 1.000, имаат гласано со „ДА“.

Македонија го игра најважниот дуел во историјата во месец март, кога во полуфиналето во ЛН се соочува со Косово. Победникот од овој натпревар ќе игра финале со Грузија или Белорусија, за пласман на европскиот фудбалски собир.

Сподели.