„Комити“ го објавија датумот за маршот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најверните фанови на Вардар, навивачката група „Комити“ на денот на нивниот роденден го најавивија Маршот за Вардар.

Го закажуваме за 22-ри Јули, точно 47-миот ден по нашиот роденден, денот кога формално правно во 1947-ма, со фузија на тогашните фудбалски клубови Победа и Македонија е настанат Фудбалскиот Клуб Вардар.
Ги повикуваме сите којшто на било кој начин учествувале во неговото создавање и градење…Повик до сите оние кои ги бранеле и бранат на било кој начин неговите бои, поранешни и актуелни – Играчи, Стручен штаб, Спортски работници, Функционери, Секретари, Претседатели, Членови на Управни и Надзорни одбори, членови на Собрание на клубот, Спонзори, Финансиери, Градоначалници на Скопје и пратеници на Собранието на Град Скопје, Раководители и делегати од ПУИГ“– велат „Комити“.

Тие исто така ги повикаа сите оние кои биле барем еднаш на Градски стадион да го гледаат Вардар да бидат дел од овој марш.

Сподели.