КОМЕДИЈА ВО ПМФЛ: Со втора топка в раце спречи контра напад на противникот и доби директен црвен картон (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Комична ситуација се случи во второто полувреме на натпреварот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев. Имено, фудбалер на гостинската екипа со втора топка во рацете спречи контра напад на домашната екипа и заработи црвен картон од судијата Ралевски.

Стефан Костов беше исклучен и неговиот потег со сигурност ќе биде дополнително санкциониран.

Црвениот картон на Костов против Македонија ЃП: 

Покрај црвениот картон и казната, веројатно ова исклучување ќе биде главна атракција и на социјалните мрежи.

Натпреварот го одбележа и замената на судијата, бидејќи на почетокот од второто полувреме четвртиот судија Ралевски го замени Маркоски, кој не се чувствуваше најдобро и поради повреда не го заврши натпреварот.

Сподели.