КОЛУМНА: Кој е во паника, ЕУ или Заев?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Заев, ни повеќе, ни помалку се закани дека во Македонија, како што ужива со особено задоволство да каже, може да се вратат старите националистички сили на власт. Се разбира, тој ќе мора да поднесе оставка, а причината би била тоа што во ЕУ се ,,несериозни” и не ни даваат датум за почеток на преговорите за наше членство.

Ниту е ЕУ во паника, ниту кај нив треба да ја бараме причината за тоа што живееме под секое достоинство. Причината е во начинот на кој владее Заев и неговата дружина. Водењето држава не е возење квадрицикл. Тоа, сепак не е за нашиот граѓанин кој живее ,,набиен” во ќош за гола егзистенција.

Корупција, руинирано судство, трагични економски постигнувања и уште цел список мрачни зони кои се забележани во Извештајот на Европската комисија…Сето дава прецизна слика за нас и нашата реалност.

Како во оваа ситуација? Закана или ,,плачење” тешко дека ќе ни помогне кај бескомпромисните заштитници на европските вредности. Франција, Холандија, Данска, се само дел од членките кои уште пред неколку месеци јасно кажаа со каков диоптер не гледаат. Тешко дека со  плачење или закани ќе се одлучат да ги избришат стаклата од очилата, зашто и онака се е толку очигледно.

Европа е пред нови предизвици, па тешко дека ќе ,,падне” на заканите и плачењето. Европа е во фаза на конституирање на распоредот на силите во Европскиот парламент, потоа и на неформалната европска влада, па и на сите останати  институции од кадровски аспект. Тоа ќе придонесе за решавање на сопствените состојби и се останато директно оди во втор план.

Таква е надворешната димензија, а домашната? Се потешко и пожестоко ќе биде да се дојде до единство во владината коалиција, а уште поинтересно како Заев ќе се обиде да се доближи во комуникацијата со опозицијата. Досегашните шарени лаги не поминуваат кај никого, па не случајно и владиниот коалициски партнер ги има сите варијанти на маса, вклучувајки го и заминувањето.

На Заев му е виновна ЕУ, наместо да излезе и да чуе што мисли граѓанинот, ако веќе го убедуваат дека откако е тој на власт, се ни е мед и млеко. Притоа, може да го праша Ципрас, зошто не се обиде да ја обвини ЕУ затоа што мора на предвремени парламентарни избори.

Конечно, и дома и во Европа пред се,потребни се резултати. Тука не помагаат ни заканите, ниту пак плачењето.

Филип Ѓорѓиев – Член на Извршен Комитет на УМС

Сподели.