КОЛУМНА: Го сменил телефонот, а умот?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

 

Заев го сменил телефонот, мислам бројот на телефонот за да се заштител од пранкери, Јанева го изгуби за да се прикријат доказите со кои би се докажала вмешаноста на деспотот Заев во случајот “рекет” а воедно и уште многу други случаеви кои допрва треба да се обелоденуваат, но што е со умот?!  Народот виде дека последниве недели го менува и тимот, ги менува и обвинителите, ги менува непослушните партиски функционери, ги пушта низ вода за свои лични интереси тие што му помогнаа да дојде на власт, но највпечатливо е деновиве дека ја промени и досегашната свежина на лицето во несигурен и преплашен изглед како дете кое направило беља па родителите го фатиле на дело.

На неговото лице деновиве гледаме немоќ, гледаме напор како да се извлече од пеколот кој сам си го трасира, неговото лице испраќа слика на човек кој заглавил во своите лаги, во своите  манипилации, заглавил во просторот и времето..

Почна се да му излегува од “контрола” , целата мафијашка структура која ја имаше инсталирано во скоро сите институции на системот почнува да му се руши како кула од карти.

Деновиве ќе сме сведоци, иако со сите сили се обидува тоа да го заташка и сокрие, како тој преку неговото рекетарско СЈО и преку своите најблиски партиски луѓе испумпал од разни бизнисмени во државава милиони евра кои ви гарантирам во најголем процент се завршени во џебовите на кланот заеви, и не е само рекетот на готови пари преку пипците на СЈО, тука се и договорените тендери кои со помош на СЈО, Јанева и Заев завршуваат во фамилијарните фирми на Заев и Вице и блиските негови соработници.

Деновиве ќе сме сведоци на отварање на уште многу други афери и во другите свери на живеењето, во земјоделието, во здравството, во економијата, во инфраструктурата, бидејќи колата му тргна низ брдо и таа не ќе може никој да ја запре.

Граѓаните сватија со кого си имаат работа, какви штети по нив и по нивната МАКЕДОНИЈА имаат овие катастрофални работи и се повеќе се одважуваат јавно да пријават, јавно да споделат се со цел што може да се спаси да се куртули.

Со ова тие допринесуваат директно што побрзо актуелната криминална структура да свати дека е прочитана и разоткриена, да се откаже од своите мафијашки планови и да престанат да прават штета на нашата држава.

Патриотски чин на секој еден граѓанин во овој момент е да сподели и пријави криминал, корупција, непотизам како на државно така и на локално ниво бидејќи со тоа малку по малку ќе се запре уништувањето и пропаѓањето на нашата татковина.

Доста е со искривување на вистината, доста е со лажните жртви кои треба да ја држат власта во живот иако има доживеано клиничка смрт и само прашање на време е кога ќе заврши на темната страна од историјата на Македонија а народот тоа ќе го доживее само како еден лош сон.

Со овие патриотски постапки секој еден граѓанин на нашата држава го приближува датумот за распишување на предвремени избори и смена на овиј мафијашки клан .

На предвремените парламентарни избори сигурен сум дека ќе се даде доверба на нови луѓе со поинакви мотиви и цели, со визија за Македонија каде што приоритет ќе бидат водење на политики во интерес само на граѓаните и во интерес на нашата РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Автор: Ивица Томовски, магистер по бизнис администрација и потсекретар во ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели.