Kолку чини свршеничкиот прстенот на Џенифер Лопез?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Поранешниот играч на бејзбол Алекс Родригез се сврши со својата долгогодишна девојка, светската музичка ѕвезда џенифер Лопез.

Чинот на нивната свршувачка се случи за време на нивниот романтичен одмор на Бахамите.

Алекс на плажа клекна пред Џенифер со прстен во рацете и ја праша дали сака да му биде жена.

Популарната Џеј Ло не размислувала многу, туку веднаш ја прифатила понудата за брак.

“Џенифер не можеше да престане да гледа во прстенот. Го обожува, таа нон стоп повторува дека чинот на свршувачката било нешто најдобро досега“, истакнал извор близок на познатиот пар.

Медиумите сега шпекулираат за цената на големиот дијамантски прстен кој Алекс и го даде на Џенифер.

Алекс за свршеничкиот прстен издвоил вистинско богатство, дури 5 милиони долари.

Сподели.