Кога ќе станете слуга на мобилниот телефон, ја губите слободата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Младите луѓе не треба постојано да бидат со своите мобилни телефони, рече 82-годишниот папа Франциско за време на средбата со група италијански тинејџери.

,,Ослободете се од зависноста од мобилните телефони“, им рече папата Франциско на учениците од Висконти, познато средно училиште во центарот на Рим.

„Сигурно сте слушнале за трагедиите поради зависност (…), а зависноста од мобилните телефони е многу, многу суптилна“, изјави поглаварот на Католичката црква, се вели во официјалното соопштение.

„Мобилните телефони се голема помош, голем напредок. Треба да се користат и добро е да знаете како да ги користите. Но откако ќе му станете слуга на вашиот мобилен телефон, ќе ја загубите својата слобода“, рече папата.

Папата Франциско ја повика својата публика „да не се плаши од тишината и самотијата, не секогаш се разбира, бидејќи тоа не е добро за луѓето, но повремено човекот треба да си додели време само за себе“.

Уште во 2017 година папата се жалеше на користењето мобилни телефони за време на миса, велејќи дека „многу го растажува“ кога гледа луѓе што ги користат за време на верските служби, меѓу кои и „многу свештеници и епископи“.

„Ве молам! Мисата не е претстава!“, велеше тогаш тој.

Сподели.