Ќе одговара ли Јанева незаконско отворање случаи после 30 јуни 2017?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Уште четири дена до презентацијата на Извештајот за напредокот на Македонија и ситно одбројување за носење на законот за јавно обвинителство. Официјално, во обезбедувањето на двотретинско мнозинство нема поместувања, како што последно рече министерката за правда. Но, извори за Алфа во преговарачките тимови на двете најголеми партии, велат оти пред 29ти работата ќе биде завршена. Со други зборови законот, кој инаку е спорен заради делот со СЈО односно случаите што тимот на Јанева ги процесуираше нелегално после завршувањето на мандатот на 30 јуни 2017 – сепак ќе се донесе. Договорот, неофицијално, е СЈО да е посебно одделение во рамките на државното обвинителство, а спорните процесуирани случаи, но и оние кои засегаат функционери на ДУИ, да се преземат од страна на јавното обвинителство. Ова значи дека најголемата опозициона партија не се противи на отворањето на случаите, ами на нелегалниот начин на кој тоа Јанева го изведе кога не смееше.
Сега клучното прашање е дали специјалната обвинителка ќе одговара за тоа што постапи спротивно на законот според кој не смееше да процесуира случаи после 30 јуни?

Не може да ме сменат, како мислите да ме сменат. Во законот нема персонални решенија, не пишува дека ќе смени лицето тоа и тоа, се знае што се пишува во законот, мислам ако сте писмени толку во Македонија за сфатите дека тоа не пишува во законот – рече Јанева на 14 мај.

Дали самодовербата на специјалната обвинителка извира токму од тоа што се чувствува безбедна оти ќе биде вдомена во рамките на ЈОРМ? Или пак затоа што е сигурна дека никој нема да покрене тужба против неа? Имено, токму тоа го стори битолско Здружение на граѓани за непочитување на прописите, но ЈО му ги отфрли кривичните пријави против СЈО, а откако здружението се жалеше, му рекоа оти жалбата е недозволена. И тоа не со решение од обвинител, туку само преку известување.
На оваа линија, ставот на ВМРО ДПМНЕ е непроменет. Тие немаат намера да бидат соучесници, како што велат, во поддршката на криминалот на СЈО.

Иако знаеле дека после 30 јуни не смеат да подигаат обвиненија и да собираат докази, тие продолжиле, покренале дури и обвиненија пред судот загрозиле човекови права на одредени лица , направиле штета, и сега сакаат од нас да го амнестираме – вели Менкиноски, првиот човек на работната група на ВМРО ДПМНЕ за СЈО, на 22.05.2019, за Пресинг.мк.

Според Менкиноски, власта за време на преговорите, не нуди суштински решенија за обвинителството во целина.

Тоа се гледало и во бројот од 40 членови колку што броел тимот на опозицијата, додека СДСМ ја претставувала само Дескоска, што значело само по себе кој со каква сериозност разговара за обвинителството – вели Менкиноски.

Сподели.